Земјоделците и фирмите што сакаат да го подобрат квалитетот на своите производи и да ги доближат до европските стандарди ќе може да ја користат техничката помош од двата нови проекта од Европската Унија преку ИПА-фондовите. Станува збор за проекти што предвидуваат надградба и конкурентност на земјоделскиот сектор. Главни корисници на проектите ќе бидат институциите од секторот земјоделство, но и земјоделците што со приспособувањето на аграрот кон европските стандарди и исполнувањето на здравствените и еколошките критериуми го подобруваат квалитетот на производите, стануваат поконкурентни на пазарот, со што го зголемуваат квалитетот на животот. Тој објаснува дека првите пари се наменети за усвојување и спроведување на европското законодавство во насока на заедничката земјоделска политика, а вториот проект се однесува на дизајнирање на функционален интегриран аграрен систем.
Земјоделците и фирмите што сакаат да го подобрат квалитетот на своите производи и да ги доближат до европските стандарди ќе може да ја користат техничката помош од двата нови проекта од Европската Унија преку ИПА-фондовите.
Станува збор за проекти што предвидуваат надградба и конкурентност на земјоделскиот сектор.
- Главни корисници на проектите ќе бидат институциите од секторот земјоделство, но и земјоделците што со приспособувањето на аграрот кон европските стандарди и исполнувањето на здравствените и еколошките критериуми го подобруваат квалитетот на производите, стануваат поконкурентни на пазарот, со што го зголемуваат квалитетот на животот - вели Љупчо Димовски, министер за земјоделство.
Тој објаснува дека првите пари се наменети за усвојување и спроведување на европското законодавство во насока на заедничката земјоделска политика, а вториот проект се однесува на дизајнирање на функционален интегриран аграрен систем.
- Првиот проект ќе обезбеди техничка поддршка за Министерството и за Платежната агенција, за јакнење на капацитетите на национално и локално ниво, како и за усогласување со пазарно ориентираните реформи на ЕУ во делот на заедничкото уредување на пазарите, а вториот, техничка помош за воспоставување на Системот за идентификација на земјишните парцели (ЛПИС) и проверка на апликациите за финансиска поддршка - рече министерот Димовски.
Според него, последниве неколку години Министерството за земјоделство почна со серија активности кои обезбедуваат услови за воспоставување земјоделски пазарен информативен систем како алатка за транспарентен преглед на движењето на пазарите за земјоделски производи и храна, како и поддршка во одлучувањето и во формулирањето на земјоделските политики. Системот за идентификација на земјишните парцели, пак, базиран на компјутеризиран географски систем на информации, овозможува графички преглед на земјишните парцели, со што се ограничува можноста за неправилно внесување на податоците при апликацијата за субвенционирање.
- Интеграцијата меѓу различните бази на податоци и регистри ќе овозможи, од една страна, поедноставен и посигурен процес на аплицирање на земјоделците за финансиската поддршка, а од друга, корисни податоци за креирање на државните политики во земјоделството и во бизнис-секторот - нагласи Димовски.
За да има пристап до ЕУ-фондовите, Министерството за земјоделство мора да воспостави институционална рамка соодветна на ЕУ-барањата и треба да има капацитет за да управува со финансиска поддршка по влезот во Унијата.
Согласно финансиската проекција на ИПАРД 2007 до 2010, за поддршка на македонското земјоделство се предвидени над 31 милион евра.
Одговарајќи на новинарско прашање, министерот Димовски потенцира дека измените на Законот за земјоделското земјиште се веќе подготвени и со нивното усвојување земјоделците многу полесно ќе ја добиваат потребната документација за сопственост. Тој соопшти и дека група основни закони од аграрниот сектор годинава се усвоени, што зборува за постигнатиот напредок на Министерството. Моментно, како што додаде Димовски, пред пратениците е уште еден закон, а во однос на планираното од аспект на ЕУ-приближувањето, останува да се донесат уште помалку од 20 отсто подзаконски акти.